Километарски колони на северот на Косово, развиорено српско знаме: Полицијата апелира за мирен протест

Од:

Косовската полиција повика денешниот протест во селото Рударе во северно Косово, организиран од локалните Срби кои поставија блокади на патиштата во тој дел од државата, да помине мирно и без инциденти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Голем број Срби од Косово се собраа каде напладне ќе започне протестот и развиорија големо српско знаме што го држеа учесниците на митингот.

Во денешното соопштение за јавноста се вели дека „залагањата за јакнење на јавниот ред и мир, нудењето безбедност за граѓаните и преземањето полициски мерки согласно ситуацијата и развојот на настаните на северот на државата, и натаму ќе останат примарни објективи и задачи на Полицијата на Косово“.

– Денеска на север од Митровица е најавено дека ќе се одржи протест/собир, поради што Полицијата на Косово, признавајќи го правото на јавни собири преку мирни протести, според службената должност се грижи за зачувување на јавниот ред и мир, како и за задачите одредени според Уставот на Република Косово, се вели во соопштението.

Полицијата предупредува на опасност од инциденти, како последица на дејствувањето на, како што вели „криминалните групи на северот на државата“

– Имајќи ги предвид околностите и кревката безбедносна ситуација создадена од криминалните групи на северот на државата и тенденциите за дестабилизација на ситуацијата, Полицијата на Косово ги повикува граѓаните да бидат внимателни, да протестираат на мирен начин и да не станат жртви на можните провокации, од било каква природа, се вели во соопштението.

Србите во Рударе протестираат против изјавата на Курти, дадена во интервју за „Гардиан“, дека стравува оти при отсранувањето на барикадите може да има жртви, што според организаторите на протестот се толкува како најава на „истребување на српскиот народ во Косово“ и убивање на Србите на барикадите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина