Керн: На Западен Балкан мора да му се врати јасната европска перспектива

Од:

Австрискиот канцелар Кристијан Керн, денеска на Самитот за Западен Балкан во Трст, изјави дека на регионот мора да му се врати јасната европска перспектива.

– Западниот Балкан не е заден двор на Европа, туку наша дневна соба, го повтори Керн својот став, оценувајќи дека Европската унија на терен изгубила, а во исто време се зголемило руското, кинеското, вахабиското, но и турското влијание.

Тој посочи и дека новиот американски претседател Доналд Трамп покренал нова диманика за Западен Балкан и нагласи дека „не смее да се дозволи формирање на воневропски сили“.

– За Австрија, Западниот Балкан се уште е регион во кој може да го застапува своето надворешнополитичко влијание, посочи Керн.

Тој додаде и дека регионот може да послужи како пример за постапување со миграцијата.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена