Катругалос: Договорот од Преспа ја истакна посветеноста на Грција за европерспектива на ЈИЕ

Од:

За народите на Балканот, текот кон Европа е пат во еден правец, а Договорот од Преспа ја истакна посветеноста на Грција за европската перспектива на Југоисточна Европа, вели меѓу другото министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во писмената изјава по повод Денот на Европа.

Шефот на грчката дипломатија вело дека Грција, од своја страна ја промовира „европската идеја во својата општествена и демократска димензија“.

-Договорот од Преспа одново ја истакна непоколебливата посветеност на земјата за европската перспектива на Југоисточна Европа, за нашето соседство да стане регион на мирна соработка и соживот. За народите на Балканот, текот кон Европа е пат во еден правец. Тоа е пат кон стабилноста, просперитет на општествата и консолидација на демократските институции, вели Катругалос.

Шефот на грчката дипломатија се осврнува и на претстојните европски избори за кои вели дека „претставуваат егзистенцијален предизвик од историски размери за Европа“ бидејќи постојат два различни ставови за иднината.

-Од една страна, Европа на отворени општества, права и слободи. Од друга страна, невообичаено спојување на либерализмот и национализмот, што е закана нашиот континент да го врати во мрачното минато, вели министерот за надворешни работи на Грција и додава дека европските избори може да бидат почеток на нов тек за Европа, „Европа на народите“.

Би можело да ве интересира

Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Приведен возач од Крива Паланка, управувал возило со брзина од 142 км на час на место каде е дозволено 70 км на час

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

Меџити: „Влен“ станува партија од наредната недела, Таравари се самоисклучи од коалицијата

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот