„Катимерини“: Тирана ја оспорува копнената граница со Грција

Од:

Тирана ја оспорува границата меѓу Грција и Албанија, со оглед на тоа што во протест упатен минатата недела албанската страна инстистира на корекции во грчката програма за истражување на нафта и гас во Јонското Море, пишува весникот „Катимерини“.

Во протестот Тирана го изразува своето тврдење дека во таа истражувачка програма Атина ги нарушила албанските територијални води.

Албанската страна ги побарала мапите на копнените истражувања во регионот на областа Епир, во западна Грција.

Тоа е обид за оспорување на границата, сметаат дипломатски и други компетентни извори, а од политичка гледна точка тоа е високоризичен акт за Албанија и за нејзините билатерални односи, пишува весникот.

„Катимерини“ посочува дека истите извори биле загрижени од фактот дека Владата во Атина од страна го следела заострувањето на односите со Албанија и зајакнувањето на дестабилизирачките тенденци во регионот на Западен Балкан.

Според проценките на истите избори, сето тоа се сместува во една поширока рамка, во која се движеле албанските политичари за да ја лансираат својата визија за „Голема Албанија“.

Согласно географските мапи од 2011 година доставени од тогашниот грчки министер за енергетика, Јанис Маниатис, истражувањата ќе се извршуваат на голема плоштина во регионот на градот Јанина. Тогаш такво прашање од албанска страна воопшто не било поставувано.

Постои сомневање дека зад таквите дејствија на Тирана стои Турција. Новиот елемент, кој буди сомнеж дека Анкара се обидува да создаде фронт против Грција, се појави од средбата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на неговата посета на Тирана со претставници на партијата на Чамите, етнички Албанци протерани од грчкиот дел на Епир.

Дипломатски извори сметаат дека таа средба може да се протолкува само како ставање на дневен ред на прашањето за Чамите, додава „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја