Грчкиот весник „Катимерини“ според владини извори од Атина, пишува дека не постои никаква вмешаност на некој грчки функционер во акцијата „Шпион“ и ја сметаат за фабрикувана.
Објавувањето на шпионската афера со неофицијалното спомнување на Грција „го подигна термометарот на антихеленизмот во Македонија, а опозицијата аферата ја смета за „операција за сеење страв меѓу граѓаните во државата“.
– Неофицијално се пренесува дека еден од затворените честопати се состанувал на Халкидики со луѓе на грчката тајна служба – објавува влијателниот грчки весник „Катимерини“.
За зголемувањето на „антихеленизмот“ во Македонија, како што се вели во весникот, пред неколку денови продонесе и забраната за влез во Грција на македонската фолк пејачка Сузана Спасовска.
Од друга страна, грчката забрана за влез на Спасовска е „шлаг на тортата за националистичкиот премиер на БЈРМ Никола Груевски, кој во меѓународната изолазија од Запад е критикуван за назадната политика со која ги поткопува односите со соседите, објаснува атинскиот весник.
Петар Клинчарски