Карамарко поднесе оставка во ХДЗ: Беше убаво да си претседател на партија

Од:

Томислав Карамарко пред медиумите денеска соопшти дека поднесува оставка на местото претседател на Хрватската демократска заедница.

Како што пренесуваат хрватските медиуми тој навел дека ја презема одговорноста затоа што не успеал да креира политичко мнозинство како што и ветил на партијата.

-Сметам дека ова ќе биде дополнителен импулс за партијата. Во неа сум од 1989 година и секогаш бев во функција на државата. Мислам деа ова ќе биде нов ветер во грб за партијата. Вчера не го направив ова поради технички проблеми и ова не го правам поради ничиј притисок, рече Карамарко.

Тој се заблагодари на сите кои му дале поддршка и кои се обиделе да го спречат да даде оставка.

-Беше убаво да си претседател на партија, ние во овие четири години добивме дигнитет и се уште сме најјака партија, заклучи Карамарко.

Тој претходно поднесе оставка на местото потпретседател на Владата на Хрватска, на барање на коалициониот партнер, лидерот на МОСТ, Боже Петров, поради аферата во која беше вклучена неговата сопруга.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ најавува формирање влада: Веќе имавме разговори, наскоро ќе се знае

Катерина Ѓуровски

Хрватска: ХДЗ има најмногу мандати, но недоволно за да имаат мнозинство

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Градоначалник од ХДЗ удира сопственичка на кафуле неколку пати во глава

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во ресторан во објект на ХДЗ прослава со песна која го слави усташкото колење Срби

Катерина Ѓуровски

ХДЗ започнува преговори за нова Влада, прво ја повика Мост

Ана Ололовска