Карамарко ја смени Косор од челните места на ХДЗ

Од:

Пратениците на ХДЗ од Парламентот, ја сменија Јадранка Косор од местото претседател на Клубот на пратеници.

На нејзино место е поставен новиот претседател на партијата Томислав Карамарко, кој неодамна беше изгласан и за претседател на ХДЗ.

Карамарко после седницата изјави дека избрано е ново раководство на Клубот, а за потпретседатели се поставени Гордан Јадроковиќ и Иван Шукер, додека третиот потпретседател останува Даворин Млакар.

Иако се очекуваше, Карамарко сепак изјави дека не станало збор за тоа кој ќе биде потпретседател на Собранието, каде засега остануваат Јадранка Косор и Владимир Шекс. Карамарко вели дека Претседателството на ХДЗ понатаму ќе одлучува за ова прашање.

Јадранка Косор потврди дека нема намера да поднесе оставка од потпретседателската функција.

Вчера Томислав Карамарко за прв пат ја водеше седницата на Претседателството на ХДЗ, а Јадранка Косор воопшто не се појави во салата.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб