На главниот плоштад во Загреб се одржа манифестација за уривање на Гинисовиот рекорд во подготвување на најголемото капучино во светот.
Капучиното има 2.000 литри, и беше подготвено во организација на компанијата „Julius Meinl“.
Компанијата со светскиот рекорд го прослави 150-от роденден, и по тој повод донираше 20.000 куни за Центарот за рехабилитација на децата со тешки оштетувања.
Жителите на Загреб и многубројни туристи го подготвуваа и уживаа во најголемото капучино, а велат и со одличен вкус.