Канти за отпадоци, електрични тротинети, мотори, велосипеди откриени на дното во морето во Солун

Од:

Велосипеди, мотори, канти за отпадоци, колички од супер маркет, како и 80 електрични тротинети се само дел од предметите откриени на дното на морето во Солун во акцијата на општината.

Во трета фаза за чистење на морето, дното било скенирано со подморски дрон во соработка со професорот Јоргос Минос од Меѓународниот универзитет на Грција.

Сократис Димитриадис, заменик градоначалник на Солун, одговорен за животна средина за грчката телевизија „Скај“ вели дека биле навистина изненадени од тоа што било снимено со дронот.

„Добивме 45 сигнали, меѓу кои од електрични тротинети, електрични велосипеди, многу колички од супермаркет, мотори, големи и помали, мотор за глисер и еден голем контејнер на општина Солун. Ќе се извлечат во следните 10-15 дена во зависност дали времето ќе го дозволи тоа. Ќе спроведеме акција со два – три чамци и нуркачи за да ги извлечеме и секако со помош на кран од копно за големите предмети“, изјавил Димитриадис.

Ова е третата фаза од активностите на општина Солун за чистење на морето во близина на шеталиштето. Во првите две фази беа извлечени вкупно 80 електрични тротинети.

Би можело да ве интересира

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес во Грција

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“