Три лица се уапсени под сомнение дека фрлале камења врз Амбасадата на Албанија во Подгорица.
Инцидентот се случил во 10 часот и 30 минути. Напаѓачите носеле качулки, а прозорците на Амбасадата се искршени.
Од Амбасадата на Албанија е потврден инцидентот, но никој не сакаше да го коментира настанот.