Каменос во официјална посета на САД

Од:

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос е во тридневна официјална посета на САД каде ќе се сретне со повеќе претставници на американската администрација, јави дописникот на МИА од Атина.

Интересно во врска со оваа посета е што повеќето грчки медиуми само набројуваат со кого ќе се сретне Каменос, не коментирајќи го фактот дека тој нема да биде примен од американскиот министер за одбрана Ештон Kартер.

Средбата Каменос-Картер требаше да се одржи утре, а беше најавена уште пред два месеци, потсетува „Катимерини“.

Според некои весници, Каменос ќе се сретне со заменичката на Картер за политика Кристин Вормут, според други, тој ќе разговара со другиот заменик Роберт Ворк.

Официјалната информација е дека грчкиот министер нема да се сретне со американскиот колега, откако американската страна ненадејно ја информирала Амбасадата во Атина дека средбата нема да се одржи поради презафатеност на Картер.

Некои информативни сајтови, пак, пренесуваат гласини дека со откажувањето на средбата, „Вашингтон сака да го изрази своето незадоволство од грчката Влада за случајот со ослободување на грчки терорист од затвор, а исто така и за нејзиното доближување кон Русија“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак