Каменос: Ако нема договор со ЕУ, ќе бараме помош на друго место

Од:

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави дека доколку Грција не успее да постигне нов договор со еврозоната, би можела веднаш да побара помош на „друго место“.

– Она што го бараме е договор. Но доколку договор нема, иако се надеваме дека ќе има и доколку видиме дека Германија останува нефлексибилна и сака да ја растури Европа, тогаш ние имаме должност да преминеме кон планот Б. Планот Б е да побараме финансирање од друг извор, појасни Каменос во изјава за грчката телевизија.

– Тоа во најдобар случај би можеле да бидат САД, би можела да биде Русија, би можела да биде Кина или друга држава, нагласи грчкиот министер.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани