Kaко му се одмазди поранешниот амбасадор во Србија Мантер на Коштуница

Од:

Поранешниот американски амбасадор на САд во Србија, Камерон Мантер му се одмаздил на Воислав Коштуница за опожарувањето на американската Амбасада во февруари 2008 година со тоа што влијаел некогашниот премиер да ги загуби изборите и можноста да формира влада, објави Форин полиси пренесувајќи извадоци од книга на американски новинар.

Книгата има наслов „Втората армија на Америка:Американската дипломатска служба и дипломатијата во 21 век“.

Имено, Мантер имал докази дека Коштуница лично одобрил напади врз Амбасадата за време на протестен митинг во Белград поради прогласувањето незавиност во Косово и поради тоа, влијаел неговата партија да ја загуби поддршката на СПС, а со тоа и можноста повторно да формира влада.

Мантер одлучил „да се погрижи премиерот да замине“, а најдобра „одмазда била да обезбеди да ги загуби следните избори“, се вели во дел од книгата на Николс Кралев, новинар на Вашингтон тајмс и поранешен дописник на Тајмс и Фајненшал тајмс.

Како што пишува, Мантер сметал дека клуч за ослабување на изборните шанси на Коштуница се да му се одземе поддршката од Српската социјалистичка партија (СПС) и нејзиниот лидер Ивица Дачиќ.

– Го убедивме да се придружи на проевропејците. Не му плативме, само го убедивме. Она што сакаше беше меѓународен легитимитет, навел Мантер. Во книгата се вели дека Американците за тоа “одработиле“ со тогашниот шпански министер Хосе Луис Сапатеро и Јоргос Папандреу, кој бил на чело на Социјалистичката интернационала да го повикаат Дачиќ во посета на која „се јадело и пиело“.

– Му рекоа дека ќе го примат во Социјалистичката интернационала, доколку им се придружи на проевропските сили и тој тоа го направи. Му заби нож во грб на Коштуница, вели Мантер.

Коштуница ги загуби изборите, партијата на Дачиќ не влегла во Социјалисичката интернационала, но тој стана заменик премиер и четири години подоцна и премиер.

Во извадокот се вели дека Американците пред митингот за самопрогласување независност на Косово биле свесни за ризикот од напади врз Амбасадата.

– Штом демонстрантите се обидоа да влезат во Амбасадата, дел од Американците почнаа со уништување на комуникациската опрема вредна повеќе милиони долари што е стандардна процедура во такви ситуации, наведува Мантер. На негово барање пред Амабсадата била распоредена полиција која „наеднаш исчезнала“, кога напаѓачите се приближиле до зградата, се вели во книгата. Мантер беше амбасадор на САД во Белград од 2007 до 2009 година.

Би можело да ве интересира

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Николовски од Белград: Затоплување на политичките односи и подобрување на економската соработка со Србија

Предраг Петровиќ

Голем пожар во Шумадија, домаќинствата засега не се загрозени