(ВИДЕО) Како може да ве инспирира човек без раце и нозе: Бидете нечие чудо

Од:

Познатиот светски пронаоѓач кому му го должиме постоењето на грамафонот, микрофонот, електричната сијалица и многу други, Томас Едисон за својот неуспешен број пати да ја направи сијалицата да финкционира рекол: „Јас не згрешив 999 пати кога ја правев сијалицата, туку научив 999 начини како таа нема да работи и еден начин како ќе работи“.

Со овие зборови еден од најпопуларните светски говорници 29 годишниот Австралијанец со српско потекло, Ник Вујичиќ им се обрати на публиката објаснувајќи го своето „паѓање.

Човекот без раце и нозе гостуваше во Белград два дена. Тој преку јавни говори, гостувања и средби со познатите, но и со хендикепираните постојано ги мотивираше и им порача на своите сонародници да веруваат во своите соништа, да бидат благодарни за она што го имаат и да ја исполнат својата цел.

„Јас не сакам да бидам говорник кој ќе ви каже само да имате позитивен став. Не, јас сум навистина загрижен за следната генерација. Знам дека иднината не ви изгледа баш многу светла, но морате да дадете се од себе за да ја пронајдете среќата и мирот во вашето срце и да сфатите кои сте.

Вашата вредност не ја определено професијата со која се занимавате, образованието, парите, па дури ниту она што другите го мислат за вас. Морате да бидете задоволни со она што сте и да ја пронајдете својата цел. Највисоката цел која јас ја пронајдов е љубовта. Бидете нечие чудо“, изјави Вујичиќ за „Бе 92“.

Неговото гостување ја преполни Големата сала на Сава центарот во Белград. Многумина беа заинтересирани да го слушнат инспиративниот говор на ова момче родено без екстремитети.

„Изгледа невозможно човек без раце и нозе да стане… Моите родители имаа проблем да разберат што паѓањето му прави на човечкото суштество. Паѓањето не е најлошото кога се обидувате да постигнете нешто“, вели Ник и додава: „Секое паѓање е чекор поблиску до успехот“.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он