Кацин: Свадба за жирафи? Во секоја нормална земја таков човек не треба да е на власт

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин денеска оцени дека организирањето свадба за жирафи во Јагодина е говор на омраза и дека тоа не може да се случува во ниедна нормална држава.

„Во секоја нормална земја, таквиот човек веднаш би го исфрлиле од власт“, рече Кацин.

На реакцијата на Кацин веднаш реагираше градоначалникот на Јагодина, Драган Марковиќ-Палма.

„Мислам дека на Јелко Кацин му треба подобра диоптрија. Тој љубовта на ќивотните ја гледа како говор на омраза. Да не е жално, би било смешно. Јас од секогаш сум мислел дека љубовта е основниот постулат на целото човештво, па ако ја нема доволно меѓу луѓето, кои сме ние да им ја ускратиме на животните“, реагираше Марковиќ на изјавата на Кацин.

Мислам дека господинот Кацин може многу да научи од нивниот пример. И да додадам, јас од секогаш сум мислел дека Европа е едно големо семејство и среќен сум што е така, но се прашувам од каде ни е нам правото да имаме против тоа жирафите да имаат семејство? За тоа не учеа во училиште, додека бевме мали. Не знам каде Кацин учел дека љубовта е говор на омраза и за тоа го повикувам да и биде кум на малата жирафа“, рече Палма.

Градоначалникот на Јагодина, вчера во зоолошката градина во овој град, заедно со сите советници венчаваше две жирафи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија