Јутјуберот Бака Прасе доби кривична пријава за обљуба на малолетничка

Од:

Српското Министерство за внатрешни работи го известило Народниот правобранител дека Управата на криминалистичката полиција поднела кривична пријава против српскиот јутјубер Богдан Илиќ, познат под псевдонимот Бака Прасе, поради основано сомнение дека обљубил малолетно девојче.

Јутјуберот, чиј канал има 1.87 милиони претплатници, е многу популарен кај тинејџерската публика на целиот Балкан, а тој минатата година ја посети и Македонија, на заедничко шоу со други јутјубери од регионов.

Според канцеларијата на Правобранителот; Илиќ е осомничен дека извршил недозволени полови дејствија со малолетна личност, чија возраст не е соопштена. Српското МВР му одговара на Омбудсманот во рамките на постапка која тој ја покренал по сопствена иницијатива, откако се појавиле сознанија во медиумите за наводните недозволени сексуални дејствија на јутјуберот.

Крим-полицијата ги извршила потребните проверки и утврдила дека на 7 и 8 јули биле примени две пријави од граѓани по пат на електронска пошта, во кои се укажувало на снимка објавена на Јутјуб, во која Бака прасе објавува извадоци од комуникација преку Инстаграм со малолетни лица, како и дека имал сексуални односи со една малолетничка.

Пријавите, заедно со снимката, на 8 јули се доставени во одделението на полицијата за високотехнолошки криминал.

Правобранителот потсетува дека информациите за наводните недозволени сексуални дејствија на Илиќ со личност од женски пол и за неговото признание во медиумите дека ја извршил наводната обљуба, ги добил од медиумите.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он