„Јутарњи лист“: Зошто 2018 не беше година на пресврт во проширувањето на ЕУ?

Од:

Јутрањи лист – Загреб

Иако 2018-та помпезно беше најавувана како година на голем пресврт, таа не се покажа како клучна за проширувањето, а тоа уште помалку ќе може да се очекува во 2019 година, имајќи предвид дека ќе се одржат изборите за Европскиот парламент.

Можно е дури и поместување на терминот за објавување на извештаите за напредокот од април во јуни, со цел пред европските избори ништо да не се случува во врска со проширувањето, имајќи пред вид дека тоа е очигледно непопуларна тема во Унијата.

Требаше да има напредок кај оние земји што веќе ги започнаа преговорите, како Црна Гора и Србија, отпочнување на преговорите со Албанија и Македонија, а државите кои и претходно го имаа статусот на кандидати, но не и можноста за почнување на преговорите, како БиХ, требаше да напредуваат. Косово требаше да добие визна либерализација и можеби дури и да аплицира за членство.

Очекуваниот напредок во 2018 година требаше да биде пропратен и со цврсти ветувања од страна на ЕУ преку посебна стратегија за проширување, со јасни рокови за секоја држава одвоено.

Но, ЕУ не исполни ништо од сето тоа. Идејата на Европската комисија за утврдување на стратегија и рокови за проширување на ЕУ – пропадна. Таа можеби остана во главите и мислите, но роквите беа избришани од текстот.

На крајот беше спомената „историската стратегија“, усвоена како општ незначаен документ.

Бугарија, која претседаваше со Унијата во првата половина од годината, најави „историски самот“ во Софија, на кој би се потврдила посветеноста на Унијата на забрзување на проширувањето, но подготовките на тој самит се претворија во бирократско-политичка битка за тоа како да се обезбеди учество на собирот на сите земји од регионот.

Најјасна порака испрати претседетлот на Франција, Емануел Макрон, кој рече дека нема да има забрзување на проширувањето, нема да има датуми, како и дека ЕУ во минатото згрешила што премногу се занимавала со проширувањето, а премалку со внатрешните реформи на Унијата.

Сепак, не беше само Унијата таа што ги изневери очекувањата, туку и регионот не непредуваше речиси во ништо.

Во Србија бавно оди реформата на правосудството, состојбата со слободата на медиумите е лоша, се глорифицираат воените злосторства, а односите со Косово не биле никогаш полоши, иако нормализацијата е услов за напредок на патот кон ЕУ.

Црна Гора, која е во најдобра позиција, нема некоу особено блескави резултати во реформите во правосудстворо. Како што би се рекло на шега – фактот што Црна Гора е најбрза, доволно зборува за тоа колку е спор процесот на проширување.

Албанија успеа да ги исполни условите неопходни Комисијата да предложи отпочнување на преговорите, но државите членки го одложија носењето одлука за тоа за следното лето.

Македонија, која успеа да постигне договор со Грција за конечно решавање на спорот со името, не доби јасен датум за започнување на преговорите, туку само рамковен условен рок, како и Албанија.

Во меѓу време се случи политичка криза во Македонија, кога осудениот поранешен премиер Никола Груевски, бегајќи од правдата најде засолниште, ни помалку, ни повеќе, туку во ЕУ.

БиХ со изборите докажа дека во таа држава ништо не се променило на подобро.

Доколку оваа година минеше онака како што беше замислено, целта некои држави, како Црна Горна и Србија, да влезат во ЕУ во 2025 година, ќе беше остварлива.

Сега и таа 2025 година, колку и да изгледа делеку, се чини дека е недостижна за проширувањето.

Затоа иронично може да се запрашаме: а каква ли ќе беше ако оваа година не беше клучна за проширувањето на ЕУ?!

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија