Јункер: Турција со џиновски чекори се оддалечува од Европа

Од:

Турција со „џиновски чекори“ се оддалечува од Европа и се обидува вината да ја префрли на Европската унија, изјави во интервју за германски „Билд“ претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

– Турција се оддалечува од Европа со џиновски чекори. Таа не може да издржи жештина во европската кујна и како резултат на тоа се обидува да ја префрли вината на ЕУ за пропаѓање на преговорите. Јас би сакал тоа да го спречам. Мнозинство од цивилното општество во Турција е настроено кон Европа. Би требало да ги поддржиме, а не да ги разочаруваме, изјави Јункер.

Тој го поддржува предизборниот предлог на германскиот канцелар Ангела Меркел да се прекинат преговорите со Анкара, но вината за лошите односи меѓу ЕУ и Турција ја префрла на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Јункер додава дека нема ништо против Меркел да ја преземе неговата функција по истекот на мандатот во 2019 година, но смета дека таа нема такви планови.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија