Јункер: На земјите од Западен Балкан сакаме да им понудиме недвосмислена европска перспектива

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер нагласи денеска во Стразбур дека Зпаден Балкан е најкомпликуваниот регион во Европа и ја повика Европската унија да му посвети на регионот внимание кое му е потребно, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Претседателите на ЕК и на ЕС, Јункер и Доналд Туск за време на пленарно заседание на ЕП во Стразбур ги известија европските пратеници за дебатата што ја имаа минатата недела лидерите на ЕУ за ситуацијата на Западен Балкан.

Нагласено беше дека на државите од Западен Балкан им е понудена јасна европска перспектива.

– Кога во почетокот на мојот мандат реков дека нема да има ново проиширување до 2019 година, тоа создаде конфузија на Западен Балкан. Сепак, ние ги продолживме разговорите и пристапните преговори со државите од тој регион, нагласи Јункер.

Тој рече дека Западен Балкан е најкомпликуван регион во Европа и во односите со тие држави треба да се вгради сето внимание што им е потребно.

– Јас би сакал да кажам, овде, во име на Комисијата и во името на високиот претставник, кој е и заменик-претседател на Комисијата, дека Комисијата, сака да им понуди на земјите од Западен Балкан, недвосмислена европската перспектива, рече Жан-Клод Јункер.

– Ова е најкомпликуваниот дел од Европа и ние мора на нашите односи со земјите од Западен Балкан да им ја придадеме потребната грижа. Заклучоците кои ние ги усвоивме на самитот, многу јасно кажуваат кои се нашите амбиции и намери во однос на земјите од Западен Балкан, заврши претседатетелот на Европската комисија пред европратениците, во делот на неговиот говор кој се однесуваше на земјите од Западен Балкан.

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск од своја страна истакна дека Европскиот совет го зема предвид влијанието на внатрешните и надворешните сили на Западен Балкан, што имаат за цел дестабилизација.

Повеќе европратеници, како претседателите на најголемите пратенички групи изразија загриженост претходно за развојот на ситуацијата во повеќе земји од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ