Јункер: Мораме да нудиме перспективи за проширување на ЕУ кон Западен Балкан

Од:

Европската унија мора да продолжи да нуди веродостојни перспективи за проширување на ЕУ кон Западен Балкан, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во својот годишен говор пред Европарламентот „За состојбата на Унијата“.

– Ако сакаме поголема стабилност во нашето соседство, мора да понудиме веродостојни перспективи за проширување кон Западен Балкан. Нема да има нови земји членки за време на мандатот на оваа Комисија и овој Парламент, бидејќи критериумите за членство се уште не се исполнети, нагласи Јункер.

Сепак, како што јави дописникот на МИА од Стразбур, тој пораќа дека во наредните години Европската унија сепак ќе има повеќе од 27 членки.

– Сите земји кандидати мора да дадат апсолутен приоритет на почитувањето на владеењето на правото, правдата и основните права, порача претседателот на Еврокомисијата.

Токму не почитувањето на овие вредност, според него, го исклучува приемот на Турција во ЕУ во блиска иднина.

– Од пред некое време, Турција се оддалечи од Европската унија. Местото на новинарите е во редакциите, таму каде што преовладува слободата на изразување. Нивното место не е во затворите, рече Јункер.

Тој ја повика Атина да престане да ги навредува земјите членки на ЕУ и европските шефови на држави или влади, нарекувајќи ги фашисти или нацисти.

– Европа е континент на зрели демократии. Тој што навредува го затвора патот кон нашата Унија. Понекогаш чувствувам дека Турција се обидува да го затвори овој пат, а потоа да прикаже дека Европската унија е одговорна за неуспехот на преговорите за членство, нагласи Јункер.

Тој порача дека ЕУ секогаш ќе ја пружа подадената рака кон „големиот турски народ“ и сите оние кои се подготвени да соработуваат со неа врз основа на европските вредности.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт