Југословенската радио телевизија (ЈРТ) наскоро ќе почне со емитување на програма на интернет, која привремено ќе функционира како радио а потоа и како телевизија, пренесува српски Блиц.
„Се надеваме дека сте желни за добрата, стара ЈРТ“, се наведува во пораката на оваа телевизија која е постирана на службената страна на Фејсбук.
Идејата е на млади ентузијасти кои сакаат „да вратат барем нешто од распаднатата Југославија“.
Во моментов е отворен конкурс за волонтерска работа на ЈРТ, а се бараат дописници од Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Подгорица, Скопје, Приштина и Нови Сад.
ЈРТ функционираше до 1990 година.