Јосиповиќ: Не сме задоволни од одлуката на судот, но со тужбата го одработивме долгот кон жртвите

Од:

Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој учестуваше во подготвувањето на веќе одбиената хрватска тужба против Србија во судот во Хаг, за Нова ТВ изјави дека не е задоволен со конечниот исход, но, додаде, дека подготвувајќи ја тужбата за Хашкиот суд тие, сепак, го одработиле својот долг кон жртвите.

– Ете, добивме опомена за страшните злосторства што се случија на овие простори. Прашањето е дали страшните злостроства кои се случиле подразбираат и геноцид, а Судот, ете, го зазеде овој конзервативен став и прагот за утврдување на геноцидот го крена многу високо.

„На крајот излезе дека некои од најстрашните злосторства се сторени пресметано, бидејќи Судот процени дека Србија е врзана со конвенцијата од 1992 година. Не сме среќни од конечната одлука. Подготвувајќи ја тужбата ние одработивме еден долг кон жртвите и кон историјата. Тогаш за првпат е направен целосен попис на погинатите, паравоените припадници кои дојдоа на воиштата во Хрватска, дефинирани беа врските меѓу настаните… Ние потврдивме  една важна историска вистина, изјави тој.

Според Јосиповиќ „Реперкусиите врз хрватската иднина нема да бидат негативни“.

– Не сме задоволни, но кога станува збор за афирмација на нашиот став ништо не се менува во тоа дека слободата ја стекнавме со праведна војна, а од друга страна ги симнавме и наводите за геноцидноста на акцијата „Бура“, додаде Јосиповиќ.

Што се однесува до односот со Србија, Јоспиповиќ смета дека сега веројатно ќе се запалат страстите во медиумите, односно коментарите на незадоволство и задоволство од пресудата. „Ниту една гарнитура не може да се откаже од барање на исчезнатите, а од друга страна постои и одговорност кај сите држави да ги процесуираат воените злосторства“, заклучи Јосиповиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер