Јилдирим: Турски авиони учествуваат во ослободувањето на Мосул

Од:

Военото воздухопловство на Турција учествува во коалициските воздушни напади во операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од Исламската држава (ИД), изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.

– Нашето Военото воздухопловство учествува во составот на силите на коалицијата. Тоа е одговорот на оние кои велат дека за Турција нема место во операцијата за Мосул, изјави Јилдирим пред пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Турција има несогласувања со ирачката централна Влада, откако турски војници пристигнаа во кампот Башпика во севрен Ирак и за прашањето за тоа кој треба да учествува во операцијата за ослободување на Мосул.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски