Јилдирим: Бесмислено е да се обновуваат пропаднатите преговори за обединување на Кипар

Од:

Премиерот на Турција Бинали Јилдирим денеска стави крај на напорите за обновување на преговорите за повторно обединување на Кипар.

– Јасно е дека нема смисла да се продолжуват преговорите од таму, од каде што запреа, рече Јилдирим за време на празнувањето во турскот дел на Кипар на годишнината од инвазијата на турската армија на островот.

Јилдирим изјави дека кипарските Грци се одговорни за неуспехот на преговорите, бидејќи не биле подготвени за спогодба.

На 20 јули 1974 година како одговор на воениот преврат во Кипар, Турција упадна на островот и окупира околу една третина од северниот дел на островот.

Воениот режим во Никозија паѓа, кипарските Турци ја обновуваат самостојната влада, а во 1983 година ја прогласуваат Турската република Северен Кипар.

Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци со поредство на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за повторно обединување на островот завршија на 7 јули во Кран Монтана без да биде постигната спогодба.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат