Јанша направи дипломатски гаф околу Иран, ЕУ се оградува

Од:

Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, јасно се огради денеска од изјавите на словенечкиот премиер Јанез Јанша, преку кои тој изрази поддршка за опозиционерска иранска група, посочувајќи дека тоа не е став на ЕУ.

Словенечкиот премиер се обрати пред претставници на опозиционерска иранска група во егзил, Народните муџахедини на Иран, попознати под кратенката МЕК, и изјави дека Техеран е виновен за нарушување на човековите права и дека за тоа треба да одговара.

Техеран ја повика на разговори словенечката амбасадорка во Иран, а денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел нагласи дека и изјавите на Јанша, и покрај тоа што Словенија раководи со претседателството на ЕУ во овој момент, не се дадени во име на ЕУ. Борел вчера телефонски разговарал и со иранскиот министер за надворешни работи, кому му ја пренел истата порака.

– Му реков дека позицијата на поединечни премиери дури и кога го водат претседателството на ЕУ не ги претставуваат позициите на ЕУ, кога станува збор за надворешна политика во име на ЕУ зборува претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел или високиот претставник, јас, кога е на министерско ниво, разјасни Борел.

Тој истакна дека надворешната политика останува национална надлежност на земјите членки и дека тие имаат право да имаат различна позиција од таа на другите членки на ЕУ, како што беше неодамна случај со изјавите на унгарскиот државен врв за Кина.

– Истото се случи и овде, само е различен премиер од различна земја, но ситуацијата е иста, ако ме прашувате дали е позиција на ЕУ или дали ја претставува позицијата на ЕУ, одговорот е дефинитивно не, додаде шефот на европската дипломатија.

Борел нагласи и дека ЕУ има балансиран однос кон Иран, сочинет делумно од политички притисок кога е потребно, а делумно од соработка, на пример во делот на нуклеарниот договор со оваа земја.

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Иран надеж за милиони граѓани, вети либерализација на општеството

Путин: Односите меѓу Москва и Техеран се пријателски, убеден сум дека изборите нема да влијаат на тоа

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Иран се заканува со „војна за уништување“ доколку Израел го нападне Либан

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски