Претседателот на косовското Собрание, Јакуп Красниќи, следната недела официјално ќе ја напушта Демократската партија на Косово (ПДК) на премиерот Хашим Тачи и ќе формира нова партија, јави дописникот на МИА.
Според приштинскиот весник „Бота Сот“, кој се повикува на „сигурни извори“, спикерот на косовскиот Парламент е решени идејата за формирање нова партија да ја претвори во реалност.
– Во остварувањето на оваа идеја, Красниќи индиректно доби подршка од Мурат Јашари и семејството на легендарниот командант на ОВК, Адем Јашари, и покрај нивното досегашно неутрално однесување кон партиите. Неправдата и игнорирањето што му се прави на семесјтвото Јашари ќе му се врати како фатален бумеранг за Хашим Тачи. Јакуп Красниќи беше единствен државен функционер кој на 17 февруари го посети семејството Јашари, чин со кој не го удостоија ниту премиерот Хашим Тачи, ниту претседателката Атифете Јахјага, стои во написот на „Бота сот“.
Идејата на Красниќи за формира нова партија доби поддршка и од Фатмир Лимај, кој од 22 септември лани се наоѓа во домашен притвор, под неколку обвиненија, меѓу кои и за воени злосторства, извршени во 1999 година во импровизиран затвор во селото Клечке.
Красниќи и Лимај беа меѓу четворицата кандидати кои добија најногу гласови на парламентарните избри во 2010 година.