Јахјага со ултиматум до косовските политички партии

Од:

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага упати ултиматум до политичките партии да постигнат договор за излез од политичката криза, во која земјата западна по јунските вонредни парламентарни избори.

Претседателката смета дека оваа состојба не може да трае бесконечно и оти е крајно време лидерите на политичките партии да се договорат.

Арбр Влахиу, советик на Јахјага за односи со јавноста, во изјава за весникот „Експрес“ вели дека е крајно време политичките лидери да гледаат подалеку од сопствените интереси.

Според него, закочените процеси за формирање на новите инситуции продолува да го попречува функционирањето на државата и го оневозможува нејзиното меѓународното консолидирање.

– Поради тоа крајно време е политичките лидери да гледаат подалеку од нивните интереси и да ја надминат секоја пречка и да се формираат стабилни инситуции, засновани врз уставните одредби и начела за да го почитуваат уставниот поредок на земјата и нејзините меѓународни обврски, изјави Влахиу.

Јахјага, според него, бара од политичките лидери да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и еден на друг да понудат можност за дијалог и компромис и во интерес на граѓаните на Косово да ја извлечат земјата од оваа состојба на стагнација.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица