Ние единствено како легални и легитимни лидери на нашите држави можеме да разговараме и низ тој разговор да најдеме цврсти и постојани решенија кои значат мир и стабилност на регионот и пошитоко“, изјави претседателката на Косово Атифете Јахјага за новосадскиот весник Дневник.Таа кажа и дека Косово сака новите лидери на Србија да ја прифатат реалноста и што побргу да го признаат Косово и како две соседни држави да воспостават дипломатски односи и да соработуваат на патот кон евроатлантските интеграции.
Јахјага оцени дека спогодбите кои се производ на дијалогот Белград и Приштина бавно се спроведуваат, зашто според неа српската страна нема воља да го реализира она што го договорила.
Таа од Белград очекува да го подигне нивото на дијалогот за прашањето на воена отштета, за исчезнатите лица, судењата за воени злосторства.
„Лидерите на Србија досега не се изјасниле за овие прашања“, рече таа.
Јахјага ги отфрли барањата на Србите од северот на Косово да останат дел од Србија и кажа дека слободно изразената воља на граѓаните не подрзбира дека секоја општина или секое село има право на самоопределување.