Јахјага очекува иницијатива од партиите за излез од кризата

Од:

Шест месеци по одржувањето на паралментарните избори, Косово се уште нема нови институции на власта, а косовската претседателка Атифете Јахјага засега не презема ништо, во очекување на иницијатива на парламентраните партии за излез од кризата, наведува приштинскиот весник „Трибуна“.

Извори во полиитлките партии, кои последниве месеци имале консултации со Јахјага, тврдат дека претседателката чека пратениците сами да се договорат за одржување на конститутивната седница на косовското Собрание.

– Ни беше кажано дека (најстарата) пратеничка Флора Бровина треба да ги започне подготовки за свикување на Собранието, изјавил неименуван партиски претставник за „Трибуна“.

Според партиските извори, Јахјага оставила можност, доколку партиите пројават интерес за тоа, таа да биде олеснувач во разговорите за постигнување договор за надминување на политичката криза.

Сепак, Јахјага потенцирала дека нема да чека до недоглед и дека ако пратениците или Бровина не преземат никаква иницијатива, тогаш таа „ќе ја одигра својата улога согласно Уставот“.

Весникот „Косова Сот“ наведува дека во текот на меѓупартиските преговори, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) го барал местото премиер, а партискиот лидер Иса Мустафа за РТВ 21 изјави дека за премиерската функција ќе се преговара со коалициските партнери и одлуката најверојатно ќе биде позната до крајот на неделава.

Но, приштинските медиуми тврдат дека кај коалицискиот партнер на ЛДК, Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај нема расположение за препуштање на премиерското место на Демократскиот сојуз.

Советникот на Мустафа, Бајрам Гецај изјави дека кај ЛДК и нејзините колаициски партнери постои расположение местото претседател на Собранието да и се препушти на Демократската партија на Косово (ПДК) на Хашим Тачи, со цел да се надмине кризата, но тоа во никој случај не значи и вклучување на демократите во новата владина коалиција.

Од друга страна, членот на Претседателството на ПДК, Џавит Халити изјави дека партијата повикува на постигнување договор меѓу политичките лидери за формирање на новата влада.

За весникот „Епока е Ре“, Халити вели дека конститутивната седница на Парламентот треба да ја закаже најстарата пратеничка Флора Бровина, додавајќи дека во разговорите за формирањето на новите институции би требало да се вклучи и меѓународниот фактор.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица