Јахјага: Црногорците набрзо во Уставот на Косово

Од:

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага изјави дека црногорската заедница, најдоцна за три месеци ќе биде призната во косовскиот устав.

Јахјага наведе дека со тоа ќе се отстранат препреките за остварување на полни дипломатски односи меѓу Црна Гора и Косово.

Црна Гора ја призна косовската независност и помеѓу двете држави се воспоставени дипломатски односи, не сеуште нема размена на амбасадори. Тоа Подгорица го услови со признавање на црногорската заедница во косовскиот устав.

„Постои договор косовското раководство да ја признае црногорската заедница како уставна категорија. Тоа ќе биде направено со новиот амандман, кој ќе биде усвоен најдоцна за три месеци“, изјави Јахјага, за Телевизијата Црна Гора.

Според неа, со тој чин ќе се создадат услови за воспоставување полни дипломатски односи помеѓу Косово и Црна Гора.

„Со тоа ќе се создадат услови за отворање на амбасади во двете земји и со тоа ќе се подобри меѓународната соработка“, оцени Јахјага. Таа додаде дека односите меѓу двете земји се исклучително добри.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски