Јахјага апелира на собраните да се разотидат и да не ја напаѓаат полицијата

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага упати апел до учесниците во протестите да не ја напаѓаат полицијата и да се разотидат.

– Лидерите на сите политички партии, на власта и опозицијата да почнат меѓусебен дијалог и да најдат заеднички јазик за решавање на отворените прашања, апелира Јахјага преку нејзиниот Фејсбук профил.

Според Јахјага, хаотичната и насилна состојба по улиците на Приштина е целосно неприфатлива.

– Апелирам за смиреност и враќање на редот по улиците и плоштадите на главниот град. Апелирам до демонстрантите кои се уште се по улиците на Приштина мирно да се разотидат и да не ја напаѓаат полицијата, институција одговорна за зачувување на редот и спроведување на законот, како и безбедноста на секој граѓанин во земјата. Тоа е нашата полиција, наведува Јахјага.

Таа нагласува дека инсититуционланите решенија и дијалогот се најдобрите начини за да се надминат созадените ситуации и додава дека потребно е заедничко дејствување за да се спречи ескалација на состојбата.

За попладнево заедничка прес-конференција закажана е на премиерот Иса Мустафа и заменик премиерот и шеф на дипломатијата Хашим Тачи.

Големи полициски сили се уште ги обезбедуваат државните инситуции.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица