Ја убил, го исекол телото и го спакувал во кутии: Детали за злосторството во Белград

Од:

Ноа Миливојев (18) од Ковиље, тиктокерка, која исчезна на 17 јуни, е пронајдена мртва во стан во центарот на Белград.

Како што дознава српски Курир, осомничениот О.Д. (33) влегол во вербален конфликт со девојката, по што на неутврден начин ја убил Ноа, а потоа го исекол телото, го спакувал во пластични кутии и го оставил во бањата од станот каде што било пронајдено.

Мотивот за убиството најверојатно е љубомора.

Убиецот е уапсен и признал се.

Ноа Миливојев исчезнала на 17 јуни во Белград кога отишла да се види со своето момче.

Како што тогаш истакна нејзиното семејство, од саботата на 17 јуни таа не се јавувала на телефон, што никогаш досега не се случило.

На денот кога и се губи секаква трага, таа разговарала со мајка си по телефон и рекла дека ќе оди да се види со своето момче.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он