Израелски медиуми: 47 израелски туристи останаа заробени во БиХ откако нивните пасоши беа фрлени во ѓубре

Од:

Според израелскиот портал ynet, дури 47 израелски граѓани останаа без пасоши откако документите наводно по грешка завршиле во корпа за отпадоци на рецепцијата на хотел во Босна и Херцеговина.

Туристите требало да се вратат во Израел вчера, но поради губењето на нивните патни документи, нивното враќање било одложено. Тие биле вратени во хотелот, а како што велат, им било кажано дека ќе мора да останат таму најмалку уште 48 часа, а постои и страв дека нивниот престој би можел да трае подолго од една недела.

„Откако ги прегледавме снимките од безбедносните камери, откривме дека пасошите погрешно биле фрлени во корпата на рецепцијата. Подоцна биле однесени од службата за собирање ѓубре“, изјавија некои од туристите за ynet.

Сепак, некои израелски граѓани се сомневаат дека не станува збор за случајна грешка.

„Целата ситуација е многу чудна. Како е можно да се фрлаат пасоши? Се сомневаме дека тоа е направено намерно бидејќи во документите јасно пишува дека сме од Израел. Тоа е сериозен чин што ги загрозува луѓето и бараме јасни одговори“, ги пренесоа израелските медиуми изјавите на туристите.

Хотелот каде што се случи сè, според израелски извори, не го рекламирал инцидентот.

Министерството за надворешни работи на Израел потврди на јавноста дека е запознато со случајот и дека го обработува одделот за израелски државјани во странство во соработка со израелската амбасада во Белград, која е одговорна и за Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Додик за израелските пасоши: Отворената омраза на Бошњаците кон Евреите и Израел се демонстрира на секој чекор

Брза помош во Хрватска ја остави починатата германска туристка на улица и замина

Вучиќ најави за неколку дена силен одговор со сите средства против демонстрантите: Никој од надвор нема да не спречи

Предраг Петровиќ

Шест повредени полицајци, 56 лица приведени по протестите во Србија

Изгладнета 20-годишна Палестинка почина во Италија откако беше евакуирана

ВИДЕО: Обезбедувачи претепаа словенечки туристи на плажата во Умаг, меѓу нив и девојка

Предраг Петровиќ