Излезни анкети на парламентарните избори во Албанија, триумф на партијата на Еди Рама

Од:

Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама победи на денешните парламентарни избори во Албанија и според првите излезни анкети освоила 51,8 отсто од гласовите, односно парламентарно мнозинство од 79 пратенички места од вкупно 140 пратенички места.

Според проекцијата на весникот „Albanijan post“ втора десничарска опозициска коалиција е Демократската партија – Алијанса за Голема Албанија, која добила 38 отсто од гласовите, односно 54 пратенички места.

Гласањето на парламентарните избори во Албанија заврши во 19 часот кога беа затворени избирачките места.

Според последните податоци на Централната изборна комисија, заклучно со 18 часот излезноста била 41,41 отсто.

Во Тирана излезноста била 47,78 отсто, во Кукс 45,73, Елбасан 40,91, Берат 38,51 и Лежа 39,99 отсто.

Право на глас имаа вкупно 3,7 милиони граѓани, а во гласањето првпат учествуваше и дијаспората.

За 140 пратенички места во парламентот се натпреваруваа вкупно 2.046 кандидати, односно 186 кандидати од секоја изборна единица.

Би можело да ве интересира

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Кошта од Тирана: Албанија може да биде во европското семејство и пред 2030 година

А1он

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Тепачка на избирачко место во Албанија, се слушнаа и истрели

А1он

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски