Изетбеговиќ: Рано е да размислувам за натамошните чекори во политиката

Од:

Лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, кој во неделата убедливо загуби во изборната трка за бошњачкиот член на Претседателството на БиХ од противкандидатот Денис Беќировиќ (СДП), денеска изјави дека се уште е рано да размислува за натамошните чекори во политиката и дека е важно што неговата партија добро помина на гласањето.

-Важно е што СДА добро мина и дека ќе имаме добри позиции во Претставничкиот дом, како и во домовите на народите, изјави Изетбеговиќ по неуспешната седница на Домот на народите, на која требаше да се разговара за укинување на акцизите.

За прашан за неговите натамошни аспирации по изборниот пораз, Изетбеговиќ кажа дека се уште не размислувал за тоа, бидејќи смета дека е прерано, објавија сараевските медиуми.

Прашан и за тоа дали се можни договори со Милорад Додик (СНСД) и Драган Човиќ (ХДЗ БиХ), како и опозицијата од Република Српска за можни постизборни коалиции, Изетбеговиќ изјави дека тоа сега го гледа како невозможна мисија.

-Начинот на кој тие ги замислија работите е на ниво на некои желби, а не на реалност, рече тој и додаде дека не разговарал со поранешните коалициски партнери Додик и Човиќ.

Тој смета дека постизборните коалиции треба да се формираат на таков начин за да бидат стабилни и дури потоа евентуално да продолжат разговорите.

Кога станува збор за измените на Изборниот закон, Изетбеговиќ вели дека не е оптимист.

-Ние можеме само да ги труеме односите и да ја искомплицираме ситуацијата со обидот да промениме нешто важно во следните неколку месеци, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Обвинителот бара затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка активност

Горан Наумовски

Додик: Босна и Херцеговина нема шанси да преживее

Додик: Нарушени ми се човековите права, дискриминиран сум и лажно обвинет

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

Додик: Стигнав во моето село, ви благодарам на сите за поддршката