Изетбеговиќ од денеска на чело на Претседателстовото на БиХ

Од:

Членот на Претседателството на БиХ од редовите на бошњачкиот народ Бекир Изетбеговиќ, денеска ја презема должноста на претседавач од членот на Претседателството од редовите на хрватскиот народ Драган Човиќ, и ќе биде на таа функција во наредните осум месеци.

По тој повод, Изетбеговиќ изјави за новинарите, по состанокот со колегиумот на Партијата на демократската акција, дека негов прв приоритет е реализацијата на Мастер планот за интеграција на БиХ во ЕУ кој и понатаму подразбира низа најважни приоритети за аепредок на реформите во БиХ кои се однесуваат на владеењето на правото, пазарната економија, и општи мерки кои ќе го зајакнат и ќе го отворат просторот за зајакнување на стопанството.

– Тука е и патот на БиХ во НАТО, односно преземањето на првиот годишен план во рамките на Акциониот план за членство (МАП). Шансите не ни се баш големи, но треба да се потрудиме. Треба да се бориме за да лобираме кај пријателските држави кои имаат влијание на НАТО сојузот, БиХ да прави годишен план, нагласи Изетбеговиќ, јавува Фена.

По осум месеци, Изетбеговиќ ќе го замени членот на Претседателството на БиХ од редовите на српскиот народ Младен Иваниќ.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина