Избори за градоначалник на Грачаница во централниот дел на Косово

Од:

Во Грачаница во централниот дел на Косово, каде што живее мнозинско српско население, денеска се одржуваат избори за градоначалник, јави Танјуг.

Изборите се одржуваат бидејќи поранешниот градоначалник Бранимир Стојановиќ беше назначен за вицепремиер во косовската Влада.

Во 27 избирачки места 22.229 граѓани со право на глас ќе можат да изберат меѓу четворицата кандидати.

За изборите во Грачаница се акредитирани 388 набљудувачи.

Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица