Иванов со честитка до новоизбраниот претседател на Словенија

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска му прати честитка на новоизбраниот претседател на Република Словенија Борут Пахор, во која му посакува успешно извршување на високата и одговорна функција, добро здравје и лична среќа.

– Ја користам оваа свечена пригода да го изразам задоволството од високиот степен на пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Словенија и да го изразам своето уверување дека со заеднички ангажман ќе придонесеме за нивно натамошно унапредување во сите области од заемен интерес, како на билатерален, така и на регионален и на мултилатерален. Искрено се надевам дека ќе ја продолжиме успешната и плодна соработка, која ја остварувавме со Вашиот претходник, стои во честитката на Иванов до Пахор.

Шефот на државата во честитката се заблагодарува за поддршката што Македонија ја има од Словенија во процесот на евроинтеграциите и е уверен и очекува таа да продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година