Италија се простува со загинатите од катастрофалниот земјотрес.

Од:

Ден на жалост о Италија, која се простува со загинатите од катастрофалниот земјотрес. Комеморацијата ќе се одржи во катедралата во Асколи Пичено, а сите знамиња во земјата ќе бидат на половина копје, во знак на почит спрема загинатите.

Италијанскиот премиер Матео Ренци денеска ќе присуствува на државниот погреб за жртвите од Аркуата дел Тронто, еден од најтешко погодените градови.

Во земјотресот загинаа повеќе од 280 луѓе, од кои најмалку 220 во Аматриче каде што во вторник е предвидена комеморација на која ќе присуствува премиерот Ренци.

Градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци изјави дека и покрај тоа што нема црква и се срамнето со земја, загинатите имаат право да бидат закопани во својата општина.

Земјотресот го погоди североисточниот дел на Рим, предизвикувајќи голема штета во градовите Акумоли, Аматриче и Аркуата дел Тронто .Потрагата за за пронаоѓање на луѓе под урнатините продолжува. Ангажиарни се 5000 спасувачи меѓу кои полицајци, пожарникари, војници и доброволци, но од вчера преживеани не се пронајдени.

Спасувачките акции ги попречуваат серија на земјотреси кои во меѓувреме се случија. Многу луѓе се уште се верува дека се затрупани под урнатините, а многу од исчезнатите се странци и туристи кои биле во посета на историскиот регион.

Би можело да ве интересира

Пет работници загинаа во Палермо

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија