Италија ќе изгради привремени куќи за преживеаните од земјотресот

Од:

Италија планира да изгради едноставни, привремени куќички во кои три месеци ќе престојуваат 2.500 граѓани по катастрофалниот земјотрес од 24 август, пренесува Би Би Си.

Италијанските медиуми пренесуваат дека структурите се онакви како што се користеле по земјотресот во 2009 година, а веќе се користат и шатори во кои се засолнуваат преживеаните.

Земјотресот кој се случи минатата среда најмногу го оштети Аматриче. Над 290 луѓе го изгубија животот во катастрофата. Премиерот Матео Ренци кажа дека реконструкцијата на градовите зафатени од земјотресот најверојатно ќе започне во недела, а неа ќе ја врши Ренцо Пиано, еден од најреномираните архитекти во Италија.

Властите се пред голем предизвик, мора да ги однесат преживеаните на сигурно и топло место пред есента, која може да биде многу ладна во регионот кој го зафати земјотресот.

Дел од италијанските медиуми пренесуваат дека привремените куќи ќе бидат сместени близу до нивните оштетени домови, нешто што најголемиот дел од граѓаните го сакаат. Покрај камповите со шатори, преживеаните преферираат да спијат во своите авомобили близу до куќите бидејќи се плашат дека некој може да украде нешто од тоа што им останало.

Кога ќе залади повеќе, на граѓаните ќе им бидат дадени привремени соби во хотели покрај морето пред да бидат сместени во привремените домови, рече градонаачалникот на Аматриче.

Привремените куќи ќе имаат една или две соби, кујна и тоалет, а ќе чинат по 1.400 евра од метар квадратен.

Би можело да ве интересира

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија