Најголемите сто информатички компании во Јадранскиот регион имале приход од 2,53 милијарди евра во минатата година, што е за 2,2 отсто повеќе од 2010 година, објави аналитичката куќа ИДЦ Адријатикс.
Како што се наведува на Интернет страницата на аналитичката куќа, во истиот период сто најголеми ИТ компании од Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора, Македонија и Албанија, го намалиле бројот на вработени за 1,4 отсто, на 13.000.
По умерениот раст забележан во 2010 година водечките компании во регионот остварија скромно зголемување на приходите и во минатата година, оцени главниот аналитичар и директор на ИДЦ Адријатикс Борис Житник.
Најголема компанија според приходите останува „М Сан група“, регионален дистрибутер со седиште во Загреб со остварени приходи од 246 милиони евра.