Истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул

Од:

Во рамки на истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал ​​Кашоги, турските истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот генерален конзул во Истанбул, јави Анадолија.

Турските експерти од заедничката работна група за истрага на случајот „Кашоги“ рано утрово ја напуштија резиденцијата на саудискиот конзул.

Во текот на синоќешната истрага, истражителите извршија детален преглед на објектот и дворното место на резиденцијата во потрага по траги кои би можеле да го расветлат исчезнувањето на саудискиот новинар.

Саудискиот конзул Мухамед ал Отаиби ја напушти Турција ден пред влегувањето на истражителите во неговата резиденција, а истрагата за случајот и понатаму трае.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски