Во Тузи, Црна Гора се појавија знамиња на „Голема Албанија“, на кои има слики од албанскиот политичар Исмаил Џемали.
Црногорските медиуми пренесуваат дека знамињата се идентични на она кое што се наоѓаше на дронот, кој предизвика прекин на натпреварот помеѓу Србија и Албанија.
Читателот кој ја доставил фотографијата тврди дека истакнувањето на ваков вид симбили е подготовка за прославата на Денот на знамето на Албанија.
Е. Г.