ИСИС зазеде две хрватски нафтени полиња во Сирија

Од:

Припадници на џихадистичката организација Исламска држава ги зазеле двете нафтени и плински полиња Мазрур и Јазал, на хрватската компанија Ина во Сирија , пренесе „Јутарњи лист“.

За сега нема информации колку долго овие две полиња се под контрола на џихадистите, кои инаку се наоѓаат во составот на нафтено-плинскиот блок Хајан со вкупна површина од околу 4.500 километри квадратни, одалечен 250 километри од Дамаск.

Според извори на „Јутарњи лист“ на подрачјето владее целосен хаос, а освен припадници на ИСИС, таму се и други вооружени групи, кои влегуваат во нафтените постројки и дека состојбата се менува од ден на ден.

Инаку хрватската компанија Ина блокот Хајан, кој што се состои од шест нафтени и плински полиња, ги воспоставила во 1998 година. Од двете полиња таа дневно црпела по 350.000 барели нафта.

Во проектот кој сега е во раце на џихадистите хрватската компанија вложила околу милијарда долари. Ина веќе две години нема надзор над своите блокови, откако во 2012 година хрватската влада воведе санкции против Сирија, па истите ги презеде сириската државна компанија Хајан Петролеум Компани.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег