Грчките власти почнаа истрага во врска со исчезнувањето на 502 албански Ромчиња од хуманитарната инситуција „ Агиа Варвара“ во Атина.
Децата од установата каде што биле згрижени исчезнале во периодот 1998/2002.
Прашањето околу исчезнувањето на децата пред грчкиот парламент го постави пратеничката Мариа Гианакаки, по загриженоста изнесена во извештај на Комисијата на Светската организација против тортурата во јуни 2012. Комисијата бара од Атина да соработува со албанските органи со цел да се расветли случајот и пред лицето на првадата да се изнесат виновниците за тоа, јави дописникот на МИА од Тирана.
Откако во 2003 година скандалот со изчезнувањето на децата го откри меѓународната организација „The Swiss Terre Des Hommens“ Грција, во 2004 и во 2007 година, публикуваше извештај околу ова прашање и целото досие со документи поврзани со ова прашање достваени се до државните органи. Но, до сега ова прашање остана на маргините.
„The Swiss Terre Des Hommens“ тврди дека постојат многу други слични случаи во Грција, каде во последните 15 години нелегално на грчка територија влегле над 3.800 албански деца, при што четвртина од нив никогаш не биле пронајдени.