Исчезнатиот Хрват не е ниту во Дунав-нови детали од истрагата

Од:

Потрагата по младиот Хрват продолжи утринава во 7 часот, но Матеј Периш се уште не е пронајден. Денеска се пребаруваше Дунав, од брегот и по текот, на двете страни на реката, но се вршеше и пребарување низ брегот кон Панчево.

Според информациите на српските медиуми, доколку телото се наоѓа во водата треба да исплива за околу 15 дена, доколку не е заглавено некаде.

Нова информација немаше ниту осмиот ден од исчезнувањето. Полицијата извршила пребарување на дел од вливот на Сава и Дунав. Повторно можеа да се забележат бродовите на речната полиција и жандармеријата, но јасно е дека потрагата се врши со помал интензитет.

Таткото на Матеј ја следеше и денеска операцијата на полициските сили кои трагаат за неговиот син, и убеден е дека заедно ќе се вратат во Сплит.

„Излегоа многу работи, има работи што не се во ред, има некои погрешни снимки, но полицијата има свој пат и план и работи, како што гледам, според протокол кој е организиран и насочен кон целта. . Многу работи се случуваат, не би дал детали што ги знам, но верувајте дека се неважни за јавноста, сето тоа се некои методи“, изјави Ненад Периш.

Тој е убеден дека тој и неговиот Матеј ќе се вратат во Сплит, како што повеќепати има кажано „сто посто“: „Затоа сум тука, не заминувам од тука без него. Секој што има деца може да разбере што велам“.

Во наредните денови потрагата по Матеј ќе биде под влијание на временските услови бидејќи е најавено влошување на времето.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски