Српскиот патријарх Иринеј изјави дека Српската православна црква е против одржувањето на „Парадата на гордоста“ во Белград, како и дека црквата и државата треба да направат нешто „за стимулирање на наталитетот, духовната и моралната обнова на српскиот народ“, објави српската државна телевизија РТС.
Иринеј за белградскиот „Неделник“ изјави дека на геј парадата гледа така „црно, што поцрно од тоа не може да биде“.
Српскиот патријарх се обрати со остар тон кон луѓето со различна сексуална ориентација во Србија, осудувајќи го обидот да биде организирана геј парада во Белград.
Запрашан што би им рекол на младите луѓе, што планираат парада низ белградските улици, Иринеј изјави дека „со тоа, од што паметниот се срами, глупавиот се гордее“.