Инвестициите во црногорскиот туризам – три милијарди евра

Од:

Планираниот износ на договорени изнвестиции во црногорскиот туризам во овој момент се меѓу 2,5 милијарди евра и три милијарди евра, изјави за Танјуг директорот на Националната туристичка организација на Црна Гора Саша Радовиќ.

– Црна Гора по вложувања во туризмот по глава на жител е на прво место во Европа и лидер по брзина на развој, по оценка на светската туристичка заедница, истакна Радовиќ.

Тој вели дека во тек се реализации на неколку големи проекти – прва и втора фаза од проектот Порто Монтенегро како Порто Нови, екксклузивни одморалишта кои се градат на местата на поранешната касарна во Кумбор каде ќе биде изграден ексклузивен „рисорт“ One and Only, наведува Радовиќ.

Тој додава дека лани Црна Гора имала рекордна туристичка сезона во која бројот на туристи бил 1,5 милиони со вкупно 9,5 милиони ноќевања.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните