(Интервју) Професор Станковиќ: Српскиот и македонскиот народ се поврзани со нераскинливи врски

Од:

Во интервју за А1он, универзитетскиот професор по економска дипломатија и меѓународни односи проф. Д-р Александар Станковиќ кој живее и работи во Белград, говори за односите на Србија и Македонија и повикува на поголеми напори за да се зајакнат дипломатските врски преку дипломатските претставништва. Предлага и директен платен промет со Македонија, како што неодамна беше воспоставен помеѓу Србија и Црна Гора.

1. Дали српската заедница во Македонија доволно се слуша?

Српскиот и македонскиот народ се поврзани со силни нераскинливи врски и затоа можеме да истакнеме дека српската заедница во Македонија е на завидно ниво. Културата и традицијата на двата народа се поврзани со векови, што сè уште е резултат на нашите добри дипломатски односи.

Со оглед на тоа што често престојувам кај нашиот јужен сосед, би истакнал дека српската заедница има добри односи со Владата на Република С. на Македонија, но дека е потребно повеќе вложување во промоција на културното наследство на српската заедница во Република Македонија.

2. Господине Станковиќ, како универзитетски професор и некој чија потесна научна област се економската дипломатија и геополитика, како ги коментирате актуелните политички настани на Балканот, а со тоа и во Македонија?

Балканот со векови бил под влијание на силни ветрови и од исток и од запад. Сведоци сме дека влијанието на странските сили на Балканот постојано се менува, а земјите како што се Република С. Македонија и Република Србија се прилагодат на меѓународниот курс, а се со цел да се стабилизираат и подобрат стандардите на граѓаните, но и да заземат значајно место во меѓународните односи.

Во македонска смисла, можеме да истакнеме дека курсот по кој се води државната политика е на завидно ново ниво, што води кон нормализирање на односите со соседите, но и на внатрешен план на развојот на државата како целина.

3. Како ги коментирате односите меѓу Република Србија и Република Македонија, дали има простор за подобрување на односите или се е идеално?

Пред се сакам да истакнам дека во преден план односите меѓу двата братски народи се во најдобри услови со векови, но и дека меѓудржавните односи се на завидно ново ниво.

Во блиското минато имаше некои несогласувања, доаѓаше до дипломатски тензии со посредство на некои мрежи однадвор кои имаа за цел да ги нарушат добрите односи.

Со иницијативата „Отворен Балкан“, односите на нашите земји се уште повеќе втемелени, за разлика од односите со Република Албанија, но и природно е што врските на српско-македонското пријателство се посилни.

Она што би сакал да го истакнам како универзитетски професор е дека е неопходно да се вложат поголеми напори и да се обединат нашите земји, да се зајакнат дипломатските врски и во дипломатските претставништва-амбасади во Белград и во Скопје, да се зајакнат конзуларните врски, да се зајакнат функциите на почесни конзулати на двете страни.

Република Србија има воспоставено директнен платен промет со Република Црна Гора, зошто тоа не би било случај и со Република С. Македонија, потоа спроведувањето на олеснувања за граѓаните на Македонија и Република Србија (дозволи за работа, престој, купување на недвижен имот) се се тоа проблеми кои треба да ги решиме за да им го олесниме животот на граѓаните на двете земји.

4. Сведоци сме на немирите кои беснеат во светот. Како би можеле да го коментирате тоа и дали Балканот би можел да биде загрозен од некој иден потег на светските сили?

Во периодот по пандемијата на Ковид, светот се соочи со конфликти кои беа темпирани и се што беше потребно беше искра да го запали огнот.
Имавме случаи на војна во Украина, криза во Нагорно-Карабах, конфликт меѓу Израел и Палестина, во деновите што следуваат се одржуваат претседателски избори во Демократска Република Конго, каде на истокот од таа земја се подготвува судир од пошироки размери помеѓу Република Конго и Руанда. Вакви конфликти ќе има се повеќе бидејќи помина периодот на замрзнати конфликти во светот. Секој што се има освестено почна со решавање на проблемот.

Балканот во моментов не е загрозен, има стабилност и мир на Балканот, но неопходно е да се решат проблемите кои кулминираа, а јас конкретно мислам на областа Косово и Метохија и тензиите меѓу Турција и Грција.

Клучниот фактор за решавање на проблемите и можните конфликти се рефлектира во Обединетите нации. Доколку дојде до некакви големи потези од страна на големите сили, верувам дека Балканот ќе биде загрозен и тогаш ќе биде време да се поместат границите и да се решат децениските проблеми.

5. Република Србија моментално е во изборен процес, Македонија се уште го чека изборниот циклус. Дали светските сили можат да се потпрат на исходот од изборниот процес и дали мислите дека на Србија и Северна Македонија им е местото во Европската унија?

Изборната волја на граѓаните во нашите земји не може да ја кројат светските сили. Изборните процеси се легитимни и ја претставуваат волјата на народот.

Иако не сум актер и учесник во изборниот процес во однос на кандидатите, сметам дека треба да ја избереме најдобрата можна опција за стабилност и напредок.

Република Србија и Република Македонија ги чувствувам како единствена целина, така гледам на нашите две земји. Сметам дека има место за нашите земји во Европската заедница, ние формално сме дел од Европа, територијално, но правиме големи напори да бидеме дел од единствена Европска заедница.

Би сакал да истакнам дека е неопходно да се развијат добри дипломатски и трговски односи со сите земји во светот, со сите светски сили, но и да се бараат нови партнери и нови пазари во земјите од третиот свет.

Би можело да ве интересира

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Јаневска: Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек

Вулин: Со оваа политика Германија и нејзините сојузници брзо ќе не внесат во БРИКС и јас им благодарам

Горан Наумовски

Србија против Албанија без навивачи

Два земјотреси ја погодија Србија: Првиот беше послаб, а потоа следеше посилниот