ИНСТАТ: Во изминатите седум години Албанија во просек ја напуштаат по 37 илјади граѓани

Од:

Податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, потврдуваат дека во изминатите 7 години во просек годишно Албанија ја напуштаат по околу 37.000 граѓани, односно 1,2 отсто од населението или 101 граѓанин секој ден.

Според експерти, загрижува фактот дека околу 80 отсто од нив се најактивната возрасна група за работа, 15-44 години.

– Во Албанија се зголемува загриженоста за падот на работната сила, речиси во сите сектори на економијата, но најпогодени се туризмот, земјоделството и услужните дејности. Барањата за работа се помали од понудите на пазарот. Владата треба да промовира политики во споменатите важни сектори што се погодени од таа криза, оценуваат експерти.

Надлежните пак тврдат дека подготвиле повеќе иницијативи, како онаа за младинска гаранција и за унапредување на вработувањето, со цел, главно, да се спречи заминувањето на младите од државата.

Во првите 6 месеци од годинава во канцелариите за вработување се регистрирани 13.000 барања за работа од 20.000 слободни работни места, а посредувани се 12.000.

За експертите трите последователни кризи, онаа по катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди во ноември 2019, пандемијата Ковид-19 и руската агресија во Украина имале свое влијание.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он